Иако е вообичаено шампионот во НБА да присуствува на свечен дочек во „Белата куќа“, Денвер нагетс нема да одат во Вашингтон бидејќи приоритет им е натпреварот со Минесота Тимбервулфс и борбата за првото место во поредокот на Западната конференција.
Актуелниот шампион на најсилната лига на светот требаше да гостува во Белата куќа на 18. март, но тоа гостување беше откажано бидејќи тимот сака целосно да се фокусира на натпреварот со Тимбервулфс кој е закажан за 19. март.
Нагетс го загубија првиот меч со Минесота оваа сезона, но пред нив се уште три дуели. Имајќи ја предвид крајно тензичната трка за најдобар пласман на Западот, меѓусебните мечеви се тие кои би можеле да одлучат кој ќе биде подобро пласиран на крајот од сезоната.
Франшизата од Колорадо моментално е третопласирана во западната конференција со 43 победи и 20 порази. Од друга страна, тимот од Минеаполис е на лидерската позиција со скор 44-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

