Клоп за Гвардиола: Препознавам совршенство кога ќе го видам…

Ливерпул и Манчестер Сити ќе излезат на мегдан в недела во големото дерби на Премиер-лигата што многу лесно може да се покаже и решавачко во трката за титулата.

Ова воедно ќе биде и последен премиерлигашки дуел меѓу Јирген Клоп и Пеп Гвардиола, а стратегот на Ливерпул повторно говореше само со суперлативи за својот колега од таборот на Манчестер Сити.

„Премногу долго сум во оваа работа и слободно можам да кажам дека препознавам совршенство кога ќе го видам. Пеп дефинитивно е во таа група на фудбалски совршенства што сум ги видел во кариерата. Начинот на кој влијаеше врз модерниот фудбал, бројот на трофеи што ги освои низ годините. А кога ќе го видите крај аут-линијата, мотивиран е како да нема ниту еден пехар во кариерата. Желбата што се уште ја поседува, тоа е нешто неверојатно. За време на мојата тренерска кариера, Пеп е стратегот што најмногу се истакна во светскиот фудбал, дефинитивно“, изјави Јирген Клоп.

Се вчитува...