Неверојатната серија на повреди на секој натпревар на Барселона продолжи и вечерва, откако Чави беше принуден да изврши измена уште во првото полувреме од дуелот со Мајорка.
Откако минатиот викенд во Билбао остана без Педри и без Де Јонг, стратегот на Барселона ќе мора да се снаоѓа и без Рафиња по повредата што Бразилецот ја заработи по дваесетина минути игра на вечерашниот натпревар.
Рафиња тргна во продор кон противничкиот гол кога беше фаулиран, судијата по ВАР-прегледот досуди пенал, но Бразилецот остана да се жали на болка во скочниот зглоб и мораше да биде повлечен од игра. За миеријата на Барселона да биде поголема, Гундоган не го реализираше ударот од белата точка, па резултатот на полувреме е 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

