Штутгарт продолжи со импресивните партии во Бундес-лигата откако „швабите“ вечерва без многу проблеми славеа над Унион Берлин со 2-0, зацврстувајќи се на третата позиција, сега со само еден бод заостанување зад второпласираниот Баерн Минхен.
Унион Берлин имаше убава шанса по едно погрешно додавање на домашниот голман кој веднаш се извади со одлична интервенција. Казната стигна кон средината на првото полувреме кога Гираси одлично втрча и со велемајсторски удар ја смести топката во мрежата.
Доминацијата продолжи и по постигнатиот погодок, па Штутгарт заслужено стигна и до 2-0 со извонредниот удар на Унрих од петнаесетина метри по кој гостинскиот голман немаше никаква шанса да интервенира. Унион Берлин згора на тоа го заврши мечот со десет фудбалери откако Шефер во 69. минута заслужено доби директен црвен картон по еден груб старт на средината од теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА