Барселона по голема борба успеа да слави над Мајорка со 1-0, меч што беше решен со фантастичниот погодок на Ламин Јамал, со што 16-годишниот суперталент уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите млади играчи во светскиот фудбал.
Чави изненадувачки се реши да го остави Левандовски на клупата, а крај него и бразилското засилување Роке, па шанса му даде на младиот Џиу. Тој не се снајде најдобро во првото полувреме, во кое Барса згора на тоа остана и без повредениот Рафиња, а Гундоган промаши пенал.
Каталонците очекувано уште повеќе притиснаа во вториот дел, Јамал го погоди дирекот, за крилниот офанзивец нешто подоцна маестрално да погоди за водство од 1-0, велемајсторски сместувајќи ја топката во горниот агол на гостинскиот гол крај немоќниот Рајковиќ.
Евроголот на Ламин Јамал на дуелот со Мајорка можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Барселона со оваа победа се приближи на пет бода до лидерот Реал Мадрид, но и меч повеќе во однос на „кралевите“ кои в недела на домашен терен ќе ја пречекаат Селта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

