Лејкерс без Леброн го доби дербито против Милвоки (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа oсум натпревари. Во дербито на вечерта во крајно интересен натпревар Лос Анџелес лејкерс на домашен терен славеа над Милвоки бакс со минимални 123-122.

„Езерџиите“ на овој меч не можеа да сметаат на Леброн Џејмс, а во негово отсуство најдобар на теренот беше Дианџело Расел кој мечот го заврши со 44 поени. Кај поразените недоволен беше трипл-дабл учинокот на Јанис Адетокумбо (34 поени, 14 скока и 12 асистенции).

Oклахома сити тандер на домашен терен славеше над Мајами хит со 107-100. Најефикасен во таборот на победникот беше Шеј Гилџс Александер со 37 поени, додека кај поразените се истакна Хаиме Жакез џуниор со 25 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Шарлот 112-100, Филаделфија – Њу Орлеанс 103-95, Орландо – Њујорк 98-74, Кливленд – Минесота 113-104, Мемфис – Атланта 92-99 и Портланд – Хјустон 107-123.

Се вчитува...