Tаеквондистите Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ денеска и утре ќе настапат на квалификацискиот турнир во Софија за Олимписките игри во Париз ова лето. Нашите репрезентативци се максимално подготвени да одговорат на предизвикот и да атакуваат на олимписките норми.
Дејан Георгиевски е носител на сребрен медал од Олимписките игри во Токио, кој по 21 година донесе медал за Македонија. Мила Рељиќ е млада натпреварувачка која трпеливо го гради патот до светскиот врв. На ЕП за сениори беше петта, како и на Европските игри, а на ЕП во У-21 во Букурешт освои бронзен медал, а има и многу одличја од Г-1 турнирите.
Прв на татамите ќе се појави Георгиевски кој ќе го има денеска својот настап во категоријата над 80 килограми, додека Милијана Рељиќ својот настап ќе го има утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

