Тен Хаг: Манчестер јунајтед има светла иднина

Фудбалерите на Манчестер јунајтед денеска ќе го пречекаат Евертон во натпревар од 28. коло во англиската Премиер-лига. Иако гигантот има катастрофална сезона, а столчето на Тен Хаг и тоа како е несигурно, холандскиот стратег верува во овој тим.

Тој изјави дека тие се на вистинска патека и дека клубот со овие играчи има светла иднина.

„На вистинската патека сме. Замислете да имавме многу од играчите без повреди, а не со постојани повреди, лесно ќе стигневме до 75  бодови. Може да видите дека овој тим има светла иднина“, изјави Тен Хаг. 

Се вчитува...