МОДРИЌ ИЗГУБИЛ СВЕСТ ОД АЛКОХОЛ! Спиел на ВЦ-школка, скапиот часовник долетал на подот, човек од обезбедување го ставил на рамо и го извадил од дискотека

Лука Модриќ важи за фудбалер кој немал многу скандали во текот на кариерата, а со оглед на тоа што и на 38 години игра на највисоко ниво, можеме да претпоставиме дека се грижи и за своето тело и здравје. Сепак, не беше секогаш така…

Поранешниот соиграч на Модриќ, Џермејн Џенас, откри детали од ноќта во Лондон кога и двајцата играа за Тотенхем. Тоа беше во 2008 година, а хрватскиот играч за врска штотуку потпиша договор со лондонскиот тим.

„Имавме ноќно излегување и првпат можевме да видиме кои се новите играчи. О, Боже мој… Имаше еден Модриќ. Искрено, сите хрватски играчи беа класа, но сакаа да пијат. Бевме во клуб и наеднаш почнаа да ме удираат по рамо, не беше ни доцна, околу 22 часот. Ми велеа дека им треба помош. Отидов во тоалет и имав што да видам. Лука спиеше таму покрај тоалетот. Ролексот му одлета од рака и морав да го земам. На крајот, човек од обезбедувањето само го стави на рамо и излезе од тоалетот, а сите го однесовме дома и го легнавме“, изјави Џенас. 

Се вчитува...