Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен е заинтересиран за талентот на Барселона Ламин Jамал. Како што пренесува шпанска „Марка“, ПСЖ на Барселона и понудилa 200 милиони за 16-годишниот фудбалер, но Каталонците тоа го одбиле.
Со оглед на тоа дека речиси е сигурно дека Килијан Мбапе на лето ќе го напушти Париз и ќе се пресели во Реал Мадрид, Насер Ал Хелаифи реши да тргне во потрага по негова замена и играчи кои во иднина би можеле да го носат тимот на Пари Сен Жермен. ПСЖ застана во Барселона, каде го најде Jамал, за кого се подготвени да потрошат 200 милиони евра.
Да потсетиме, некогаш Пари Сен Жермен за Нејмар издвои 222 милиони евра. Доколку преговорите продолжат, голема улога може да има тоа што Барселона моментално е во финансиски проблем, па продажбата на Jамал во голема мера би ја подобрила ситуацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

