Романската тенисерка Симона Халеп откри дека Новак Ѓоковиќ бил еден од оние кои ја поддржувале во текот на постапката против неа.
Халеп го доби спорот пред Судот за спортска арбитража во Лозана, казната и е намалена од четири години на девет месеци, што значи дека веднаш може да се врати на терените, а таа веќе доби специјална покана за Мајами.
„Новак ми испрати порака – и пред и по судењето. И Кербер, Барти, Квитова. Не можам да кажам дека сме пријателки затоа што сме противници, но многу се израдував што ми пишаа.„Немам што да кажам за тоа што го напиша Серена. Секој може слободно да каже што сака – имаше многу критики и многу навреди кон мене. Ме мотивираа да се борам за да ја покажам вистината, но оние кои ме поддржуваа, а беа многу, се многу поважни“, изјави Халеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

