Хаос пред натпревар во Бундеслигата

Полицијата во Менхенгладбах уапси 205 лица кои учествувале во навивачки судири синоќа, односно еден ден пред мечот меѓу домашната Борусија и Келн.

Полицијата соопшти дека уапсила вкупно 205 „проблематични навивачи“ – 131 навивач на Келн и 74 на Борусија Менхенгладбах – по жестоките судири пред стадионот на кој приврзаниците на Гладбах подготвувале кореографија за денешниот натпревар.

Повредени се и тројца полицајци. Натпреварот меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн се игра денеска од 15.30 часот.

Се вчитува...