Ракометарите на Бутел стигнаа до првата победа сезонава во плеј-офот од Суперлигата откако денеска на гостински терен беа подобри со Струга со 13-20. Резултатот помалку личи на ракометот што се играше пред 30 години, а не модерниот кој го играат најдобрите екипи во Европа.
Домаќинот иако беше аустајдер во првиот дел успеа да парира и на пауза да замине со негатива од само еден гол 10-11. И ако мислевте дека во првиот дел немало погодоци, второто полувреме беше „неверојатно“. Домаќините постигнаа само три гола, додека на гостите им беа доволни девет за конечен триумф од 13-20.
Стефан Крстевски со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мерис Бошњак заврши со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА