Иако денеска направија успех откако се пласираа во полуфиналето на шкотскиот куп, лоши вести за Бојан Миовски и неговите соиграчи доаѓаат по крајот на натпреварот и триумфот над Килмарнок од 3-1.
Имено, в.д. тренерот на клубот Нил Ворнок реши да си замине од оваа позиција по денешниот триумф. Ворнок го презема Абердин на стартот на оваа година, но и покрај полуфиналето во Купот не може да се пофали со добри резултати во шкотскиот шампионат.
Имено, тој веќе пет натпревари нема победа, а врза три порази во низа што беа доволни да се повлече од оваа функција и покрај денешниот триумф. Како најсериозен кандидат за тренерското место се споменува Нил Ленон кој до 2021 беше на клупата на Селтик.
It has been short and sweet for Neil Warnock at Aberdeen. #BBCFootball pic.twitter.com/VxIaHaxPjp
— BBC Sport (@BBCSport) March 9, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

