Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го најави натпреварот од 28. коло во шпанското првенство против Селта Виго.
Реал во недела од 18.30 часот игра против Селта. Прво, Анчелоти говореше за настапот на неговиот тим во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг.
„Мислам дека тоа беше психолошки аспект. Важна работа во текот на сезоната беше големата посветеност на одбраната, што ни овозможи да не примаме голови и да победиме и со минимални резултати. Во ниту еден момент не бевме во опасност бидејќи секогаш имавме предност од еден гол. Можеби во натпревари како Лајпциг, мала предност ве тера да ја намалите тензијата. Тешко е да се каже: не размислувајте за предноста (од првиот натпревар)… мора да размислите за тоа“, започна тренерот на Реал.
Тој се осврна и на темата за Винициус, кој според многумина требаше да добие црвен картон пред голот на Реал на тој натпревар.
„Погледнав малку наназад во историјата и статистиката…Никогаш не сум видел фудбалер кој бил толку прогонуван како Винисиус. Му кажуваат и му прават секакви работи, а што да прави? Секој мора да го смени односот што го има кон него. Никогаш не се случило играч со таков талент да страда толку многу“, заврши Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

