Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром им се врати на победите откако денеска на домашен терен без поголеми проблеми славеше над ТФТ со 78-56. во меч од 19. коло во Првата лига.
Домаќините уште од самиот старт наметнаа свое темпо, па веќе по десет минути игра имаа девет поени предност (19-10). До крајот само рутински го приведоа мечот за нов 15. триумф сезонава во Првата лига.
Maрко Баковиќ со 15 поени беше прво име во таборот на победникот, додека по 13 постигнаа браќата Војдан и Дамјан Стојановски. Кај поразените Ташовски и Ифеџех постигнаа по 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА