Работнички рутински против Охрид, Кожув убедлив со ФМП Академија

Кошаркарите на Работнички стигнаа до нова убедлива победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Охрид со 96-111 во меч од 19. коло во Првата лига.

Домаќините беше рамноправен само во првиот период во кој имаше минимална негатива 19-20. „Центарци“ уфрлија во повисока брзина веќе во втората четвртина па до крајот на мечот разликата само се зголемуваше за конечни 96-111. Роберт Рикиќ со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Лајонс и Бруер постигнаа исто така по 22 поени.

До убедлив триумф стигна и Кожув кој на домашен терен славеше над ФМП Академија со 88-60. Најдобар поединец во таборот на гевгеличани беше Милјан Марковиќ со 20 поени, додека кај поразените Пајиќ и Петровски постигнаа по 12 поени.

Се вчитува...