Најпријатното изненадување сезонава во кошаркарската лига на Македонија, Чаир немаше сила за нова сензација откако доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Пелистер (85-55) во меч од 19. коло од Првата лига.
Битолчани се првиот тим по подолго време кој го најде лекот за чаирчани. Избраниците на Дарко Радуловиќ во текот на целиот меч го контролираа резултатот и на крајот стигнаа до сигурен триумф од 85-55.
Андреј Магдевски со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Валмир Какруки заврши со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА