По дербито Црвена звезда – Партизан 2-2, црно-белите останаа први во поредокот, со бод повеќе од домаќините, кои не искористија огромен број можности, а трипати ја погодија и гредата…
Додека црно-белите славеа, Урош Спајиќ даде изјава за ТВ Арена Спорт во која ги нападна противниците.
„Помина долго време откако немаше толку многу неискористени шанси, би сакал да им се заблагодарам на навивачите, секоја чест на момците за прикажаната игра. Според мене првенствена утакмица игравме против противник што не дојде да игра фудбал според мене, секоја чест за нив, освоија бод, за тоа дојдоа, се тркалаа денес, срамота е за оние што купија билет за натпреварот. Одиме понатаму, Звезда мора да доминира и да игра напаѓачки“, изјави Спајиќ.
Урош Спајиќ го постигна водечкиот гол на Звезда во последните минути од првото полувреме, но предноста на црвено-белите не траеше долго, бидејќи во следниот напад Партизан израмнипреку Матеуш Салдања. На почетокот на вториот дел, Алдо Калулу постигна гол за црно-белите за 1-2, а потоа Шериф Ендиаје во 70. минута ги постави конечните 2-2. Следеа низа можности за домаќините, црвен картон за резервистот на Партизан, Ксандер Северина, а најмногу благодарение на голманот на Партизан, Александар Јовановиќ, резултатот не се промени. Партизан остана прв и по второто од трите дерби сезонава, со бод повеќе од Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА