Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, се пласираше во третото коло на АТП мастерсот во Индијан Велс, откако по три сета го совлада 69 тенисер во светот, Александар Вукиќ од Австралија со 6-2, 5-7 и 6-3.
Во меч кој траеше повеќе од два часа, Ѓоковиќ рутински го доби првиот сет, со два брејка. Но, вториот сет почна сосема спротивно. Вукиќ дојде брзо до 3-0, а потоа Ѓоковиќ дојде до 3-3. После неколку израмнети гемови, Вукиќ искористи неколку грешки на Ѓоковиќ и го доби вториот сет.
Откако во третиот сет Ѓоковиќ пропушти неколку брејк топки, сепак, работите брзо дојдоа на свое место, па го доби со 6-3 за конечен триумф.
Во следното коло противник ќе му биде 20-годишниот Итлаијанец Лука Нарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

