ПСЖ одигра нерешено 2-2 во дуелот со Ремс во 25. коло во францускиот шампионат. И покрај бодот, ПСЖ и натаму е „недопирлив“ на првото место на табелата со 10 бодови предност пред останатите конкуренти.
Лошо почна мечот за „светците“ и водство на Ремс уште во 7. минута преку Мунеци. Меѓутоа за само две минути работите дојдоа на свое место. Автогол на Абделхамид во 17. минута и потоа погодок на Гонзало Рамос во 19. минута за целосен пресврт.
И кога се чинеше дека ПСЖ ја има контролата на мечот и дека ќе запише нова победа, Диаките во 45. минута по една одлична акција го „матираше“ Навас за израмнување.
Во вториот дел Луис Енрике го стави во игра и Мбапе, но тоа не донесе промени. Ремс успеа да се одбрани и да освои голем бод од ова гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА