За жал најуспешниот спорт во последните три години во Македонија ќе остане без свој претстваник на Летните олимписки игри во Париз.
Откако Дејан Георгиевски ја израдува целата нација на игрите во Токио со освојувањето на сребрен медал во таеквондо, овојпат во Париз за жал Македонија нема да има свој претставник.
Откако Георгиевски вчера не успеа во европските квалификации во Софија, денеска исто помина и Милијана Релјиќ. Најдобрата млада спортистка на Македонија за 2023 година беше поразена во својата прва борба од Холанѓанката Ами Минк со 2-0 во рунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

