Лос Анџелес Лејкерс стигна до 36 победа во НБА лигата откако изминатата вечер славеше на домашен терен против Минесота со 120-109 благодарение на одличното дуо Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
„Кралот“ постигна 29 поени, 9 асистенции и 8 скокови, додека помладиот центар додаде 27 поени, 25 скокови и 5 асистенции. Кај Минесота се истакна Едвардс со 25 поени, 7 скокови и 7 асистенции, а исто толку поени постигна и Рид.
Одлична партија е и зад српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ кој во поразот на Атланта од Њу Орлеанс со 103-116 постигна 25 поени и 7 асистенции. Пеликсанс ги предводеше Марфи со 28 поени и 7 скокови.
Во останатите натпревари: ЛА Клиперс – Милвоки 117-124, Мајами – Вашингтон 108-110, Орландо – Индијана 97-111, Сакраменто – Хјустон 104-112, Кливленд – Бруклин 101-120, Њујорк – Филаделфија 73-79, Оклахома – Мемфис 124-93.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

