Сензација: Елиминација на Рубљов на Индијан Велс

Новиот ден на Индијан Велс не помина без големи изненадувања. И поркрај тоа што најголемиот дел од фаворитите ја потврдија својата улога и се пласираа во осминафиналето од мастерсот во Соединетите американски држави, таму нема да се најде петтиот најдобар тенисер на денешницата, Андреј Рубљов.

Рускиот тенисер претрпе елиминација од страна на Чехот Јири Лехечка кој славеше со 2-0 (6-4, 6-4).

За разлика од Русинот, Стефанос Циципас се пласираше во следната фаза откако славеше со 2-0 (6-3, 6-3) против Францес Тифо. Алкараз со 2-0 (6-2, 6-3) беше подобар од Оже-Алијасим, Синер со 2-0 (6-3, 6-4) го доби дуелот против Штруф, Зверев славеше со 2-0 (7-6, 6-3) против Гриекспор, додека Шелтон со 2-1 (7-6, 3-6, 7-6) беше подобар од Церундоло.

Се вчитува...