Пол Погба доби интересна понуда од Русија додека трае неговата суспензија од фудбалот. Погба доби забрана за фудбалски активности на четири години откако беше позитивен на допинг-тест.
Претходно, во септември Погба беше суспендиран на две години, но потоа Националниот антидопинг суд на Италија ја смени одлуката во четиригодишна забрана, што претставува во суштина и крај на кариерата за Французинот.
Италијански „Тутоспорт“ сега носи интересна приказна дека Погба има понуда од Русија да игра во лигата на славни лица. Во прашање е проект од 2022 година, во лига со тимови составени од славни личности, вклучувајќи актери, спортисти, пејачи…
Погба има понудата од екипата на „Брук бојс“. Претседателот на клубот објави дека веќе имал разговор со Погба, со тоа што му е понудена повеќе од скромна плата, за негови услови, од 1.500 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

