Еден од најдобрите македонски сноубордисти Златко Златко, дел од тимот на „Ски Македонија“ забележа одличен успех на Freeride World tour qualifier натпреварите од светскиот сноуборд куп кои се одржаа изминатиов викенд во Банско, Бугарија.
Златко во сениор сноуборд категоријата, во конкуренција од 22 натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои Австрија, Германија, Чешка, Бугарија, Австралија, Романија, Холандија, Грција итн., со своето сигурно возење успеа да го привлече вниманието на публиката и да им се протне на строгите грчки и бугарски судии, а со тоа да го донесе првиот подиум и 3. место во најекстремното натпреварувањa од FIS Freeride World tour.
„Замислената , планираната линија ја извозев најдобро што можев, со добар тек, без проблем стигнав до целта” – изјави Златко по освоениот бронзен медал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

