Камавинга со една реченица му даде најголем можен комплимент на Модриќ

Лука Модирќ одигра нов неверојатен натпревар за Реал Мадрид во кој и покрај тоа што не забележа гол или асистенција во победата од 4-0 над Селта Виго беше прогласен за играч на натпреварот.

Хрватот по средбата објави фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде натпреварот го опиша како добра тимска игра, а и му се заблагодари на „Сантијаго Бернабеу“ на љубовта која ја доби.

Објавата собра речиси пола милион доаѓања, а и бројни коментари на неговите соиграчи. Лукас Васкез го нарече маестро, Фран Гарсија магионичар, а Едуардо Камавинга остани реченица која ја покажува почитта кој ја има кон постариот соиграч.

„Каква чест имам што играм со тебе“, напиша францускиот репрезентативец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

Се вчитува...