Иван Галевски со успех настапуваше во помладите категории на македонската репрезентација, а серијата одлични настапи на голот на Алкалоид, како на домашната така и на меѓународната сцена беше препорака тој да го добие и првиот повик за сениорскиот национален тим.
Селекторот Лазаров го вклучи Галевски на листата ракометари за претстојниот двомеч против Романија, а младиот чувар на мрежата не го крие задоволството што ќе го облече репрезенттивниот дрес.
„Можам да кажам дека чест и задоволство што сум дел од сениорската репрезентација, гордост е да се бранат боите на својата земја. Ова секако ќе биде голем мотив плус за мене, за развојот на мојата кариера. Чувството да сум овде е прекрасно, да можам да учам од поискусните. Ќе се обидам да се наметнам и да стекнам интернационално искуство. Романија е добар тест пред натпреварите против Фарски Острови, тоа е квалитетна репрезентација, а селекторот ќе има шанса да ги испроба сите играчи“, изјави Галевски на денешниот прв собир на репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА