Македонската ракометна репрезентација е на добар пат да обезбеди пласман на уште еден европски шампионат (оној во 2026 година) откако „црвено-жолтите“ се најдоа во вториот шешир на ждрепката што ќе биде извршена на 21 март.
Нашиот национален тим е во втората група по квалитет, што значи дека во квалификациите нема да може да се сретне со Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Грција и со Фарските Острови. Против себе во групата ќе имаме и две селекции што по реномето и рејтингот се послаби од Македонија, а желба пред ждрепката сигурно ќе биде од третиот шешир да ги избегнеме Романија и Швајцарија како најнезгодни противници.
Согласно пропозициите на ЕХФ, пласман на ЕП ќе обезбедат најдобрите две селекции од секоја група, плус четирите најдобри третопласирани од вкупно осумте квалификациски групи. Со оглед на нашиот квалитет и реномето, заедно со вториот шешир при ждрепката, јасно е дека нашата селекција има одлични шанси за да обезбеди уште ден европски шампионат.
ЕП 2026 ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА