Распродажба на „Стемфорд Бриџ“: 15 фудбалери го напуштаат Челси

Трансфер политиката на Челси откако тимот го превзема американскиот газда Тод Боели не само што не вроди плод туку му направи проблеми на тимот од „Стемфорд Бриџ“ и со финансискиот фер-плеј.

Со цел да се надминат проблемите во кадарот и клубот да се врати на старите патеки следува нов бурен трансфер род за лондонскиот клуб, но овој пат проследен со бројни заминувања.

Според англиските медиуми дури 15 фудбалери ќе заминат од клубот престојното лето. На списокот на заминувања се наоѓаат и имињата на: Луис Хол, Јан Матсен, Рахим Стерлинг, Нони Мадуеке, Марк Кукурељa… од кои се очекуваше да бидат клучен дел од тимот, но не ги исполнија очекувањата.

„Зелено светло“ за заминувања на 15 фудбалери дал и тренерот Маурисио Покетино кој ќе цели на нови ангажмани од парите собрани од заминувањата.

Се вчитува...