Нов ден, нов трипл-дабл учинок за Јокиќ и за Дончиќ (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Актуелниот шампион Денвер нагетс стигна до нов триумф во тековната сезона откако на домашен терен славеше против Торонто репторс со 125-119.

Повторно најдобар во тимот на победникот беше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 35 поени, 17 скока и 12 асистенции. Кај поразените се истакна Ер-Џеј Берет со 26 поени.

Нова феноменална вечер имаше и Лука Дончиќ во побеата на неговиот Далас маверикс над Чикаго булс од 92-127. Словенецот заврши со трипл-дабл учинок од 27 поени, 14 асистенции и 12 скока. Кај поразените Онуралп Битим постигна 17 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Шарлот 114-97, Кливленд – Феникс 111-117, Сан Антонио – Голден Стејт 102-112 и Портланд – Бостон 99-121.

Се вчитува...