Добри вести за турскиот кошаркар на Хјустон рокетс

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Алперен Шенгун избегна сериозна повреда на коленото. Според американските медиуми Турчинот го исчашил скочниот зглоб, а забележливи биле и модринки на коленото.

Доброто е што нема никакво оштетување на лигаментите на коленото. Во самиот финиш на мечот со Сакраменто, на неполна минута до крајот, Шенгун направи незгодно приземјување при дуел со Домантас Сабонис.

После тоа тој остана на подот, а поради преголеми болки не можеше да стане, поради што лекарскиот тим влезе во теренот со инвалидска количка за да му помогне на кошаркарот да го напушти паркетот. До крајот на регуларниот дел остануваат уште 18 натпревари, а со оглед на тоа што Рокетс се уште се надвор од плеј-оф зоната, голема е веројатноста дека сезоната е завршена за Шенгун. Тој оваа сезона има просек од 21 поен, девет скока и пет асистенции.

Се вчитува...