Крива Паланка убедлива на стартот од пролетниот дел во Суперлигата во пинг-понг (ФОТО)

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје стартуваа натпреварите од националната сениорска лига во пинг понг во пролетниот дел од шампионатот со мечевите од 10. коло.

Во Суперлигата најубедлив беше тимот на Крива Паланка кој славеше со 4-0 против Шампион Фа, а победи запишаа и Младост 96, Младост, Крива Паланка 2007 и Вардар.

Во Првата лига, пак, Астраион беше немилосрден кон прилепчани.

Резултати Суперлига – 10. коло
Телеком Нец 2 – Младост 96 2 : 4
Пелагонија – Младост 2 : 4
Крива Паланка – Шампион Фа 4 : 0
Работнички – Крива Паланка 2007 3 : 4
Берово – Вардар 3 : 4

Резултати Прва лига (мажи) – 10 коло:
Борец Тим – Студент 4 : 2
Рисови – Дебар Маало 4 : 1
Радовиш – Кочани 4 : 1
Прилеп – Астраион 0 : 4

И најмладите ги започнаа своите натпревари, со турнирот „Телеком Мастерс 1“ за играчи до 11 години.

ПОБЕДНИЦИ (момчиња)
1. Јован Пармачки – ППК Зегин Берово
2. Дарис Мемиќ – ППК Патриоти
3. Филип Цековски – ППК Зегин Берово
3. Благој Ѓорчески – ППК Крушево
ПОБЕДНИЦИ (девојчиња)
1. Бојана Јовевска – ППК Зегин Берово
2. Ана Смолиќ – ППК Рисови
3. Калина Митева – ППК Пелагонија
3. Натали Бејковска – ППК Пелагонија

Се вчитува...