Кошаркарот на Атланта Хокс, Богдан Богдановиќ гостуваше на медиа тимот на Евролигата каде одговараше на разни прашања поврзани со неговите поранешни клубови Партизан и Фенербахче кои се натпреваруваат во најсилното европско кошаркарско првенство.
Србинот вели дека е пресреќен што ги гледа „црно-белите“ назад во Евролигата, но и дека доколку сакаат да се најдат во завршницата на шампионатот мора да го подигнат нивото на игра.
„Среќен сум што Партизан се врати во Евролигата. Мислам дека на Евролигата тоа и е потребно, на кошарката тоа и е потребно. Тоа е посебно место за играње кошарка, тој амбиент и се тоа. Тоа може да го заклучите и по момците кои играле таму, кога ќе си заминат нивните коментари се се што треба да знаете за тоа место.
Партизан мора малку да го подгне нивото на игра ако сака да игра на фајнл-фор. Сега се деветти или се борат за деветото место. Пропуштив неколку натпревари бидејќи имав тренинзи тука, но кога и да можам да ги гледам Партизан или Фенербахче, тоа се моите омилени натпревари“, вели Богдановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА