Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид се подготвува за смена на генерации и заминувања на 36-годишниот Серхио Љуљ и 37-годишниот Серхио Родригез кои се очекува во најмала рака доколку не го напуштат клубот да добијат помала минутажа престојната сезона.
На „кралскиот тим“ му е потребен нов плејмејкер, а изборот паднал на американскиот кошаркар со шпански пасош Лоренцо Браун. Репрезентативецот на Шпанија има договор со важност и во следните две години со Макаби, но со оглед на нестабилната ситуација во Израел не се отфрла можноста за промена на средината веќе на лето.
Потенцијалниот ангажман на Браун се олеснува со фактот дека 33-годишникот може да се натпреварува како домашен кошаркар во шпанското првенство.
Браун во кариерата настапуваше и за Филаделфија, Минесота, Феникс и Торонто во НБА лигата, а во Евролигата и за Црвена Звезда, Фенербахче и Уникс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА