Скандал во Австрија – Рангник поради хомофобија отстрани тројца репрезентативци пред ЕВРО 2024

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Ралф Рангник отстрани тројца фудбалери од репрезентацијата на само неколку месеци пред ЕП 2024, поради хомофобија.

Фудбалерите на Рапид Виена, Марко Граул, Гвидо Бургшталер и Никлас Хедл не се повеќе на репрезентативниот список откако по дербито на нивниот тим со Австрија Виена беа снимени како скандираат хомофобни (против хомосексуалноста) пораки.

„Ова е нешто кое нема да го толерирам во тимот во кој сум тренер. Се за што се залагаме во репрезентацијата е сосема спротивно од тоа што тие го промовираат“ – изјави Рангник по одлуката за остранување.

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед и на Лајпциг, сепак остава можност играчите во иднина повторно да бидат повикани во репрезентацијата, иако е јасно дека тешко дека ќе најдат место за Европското првенство во Германија во јуни месец.

Австрија овој месец, пак, ќе одигра два пријателски натпревари, со Словачка и со Турција.

Се вчитува...