И Тудор еден од кандидатите за клупата на Лацио

Хрватскиот тренер Игор Тудор, влезе меѓу кандидатите за клупата на Лацио, која денеска остана празна после оставката на Маурицио Сари.

Откако загубија од Удинезе, Сари си замина од кормилото, а веднаш почна трката за неговата позиција во римскиот тим. Освен Тудор, се споменува и екс членот на Лацио, Мирослав Клосе.

Исто така покрај овие двајца, меѓу кандидатите се Томасо Роки и Кристијан Броки.

Тудор е без работа откако во летото 2023 година го напушти Марсеј. Пред тоа како тренер ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона и Марсеј.

Се вчитува...