Уште еден играч и откажа на Србија: Мегаталентот на Баерн ќе игра за Германија!?

Откако пред неколку дена голманот на Рома, Миле Свилар и откажа на Србија и се реши да чека шанса да брани за Белгија, уште еден играч ќе и откаже на селекцијата на северниот сосед. Станува збор за талентираниот фудбалер на Баерн Минхен, Александар Павловиќ кој е блиску до играње за Германија.

Српската федерација испратила луѓе на разговори со родителите на играчот на Баерн, но се упатува кон тоа дека овој играч од средниот ред ќе ја одбере Германија.

Павловиќ е роден во Минхен, играше за младите селекции на Германија, а неговите родители се од Србија. Но, на српската делегација одговор имаше Германија, која ќе испрати повик до Павловиќ за сениорскиот национален тим на „елфот“ на дуелите против Франција и против Холандија.

Се вчитува...