Тренерот на Барселона Чави беше многу среќен за победата на Барселона над Наполи и пласманот во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Каталонците победија со 3-1, и продолжија во следната фаза, откако одиграа 1-1 на првиот меч во Неапол.
Чави кажа дека неговиот тим максимално одговорил на критиките од јавноста кои се појавиле во последно време, и ги нарече како непотребни затоа што овој тим покажал многу.
„Навистина сум задоволен. Игравме одлично и доминиравме во текот на целиот меч. Се гордеам со играчите кои се вложија максимално. Требаше да направиме чекор напред, и успеавме. Веќе сме во 1/4 финалето после четири години. Сега треба да уживаме во постигнатото. Добивме многу незаслужени критики, но се виде дека сме конкурентни во Европа“, рече тренерот на Барселона.
Од друга страна предводникот на Наполи, Франческо Калцона призна дека противникот доминирал, но искажа незадоволство од судењето.
„Премногу и дозволивме на Барселона. Наша вина е што цело време ја губевме топката. Не бевме доволно добри и стабилни во одбраната, а против ваков тим тоа е недозволиво. Имаше подеми и падови. Направивме грешки во елементарни моменти и бевме казнети. Но, сакам да истакнам дека не беше досуден пенал над Осимен. Ја гледав снимката и тоа е чист пенал. Не разбирам зошто на ова ниво на ВАР не му се дава доволно време за одлука. Оваа ситуацијата можеше да го испрати мечот во друга насока“, посочи Калцона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА