Бразилскиот Роналдо го состави најдобриот тим: Се стави себе заедно со Марадона, Пеле, Меси…

Славниот бразилски фудбалер Луис Назарио да Лима Роналдо ужива во својата пензија. Често посетува натпревари, и таму го привлекува вниманието. Остана во фудбалот и одлучи да го купи шпанскиот Ваљадолид.

Роналдо неодамна одработи интервју за Дејли Мејл, и ги одбра најдобрите 11 на сите времиња.

На голот го стави Буфон. Во одбраната му се Роберто Карлос, Канаваро, Малдини и Кафу. Се одлучи за офанзивна средина со Марадона, Пеле и Зидан, и во нападот се стави себе и Меси и Кристијано Роналдо.

Се вчитува...