Димитријевиќ: Слушнав дека Партизан не е многу заинтересиран за мене, во Уникс се чувствувам ценет

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, во интервју за српски „Моцартспорт“ кажуваше детали за негов трансфер во евролигашка екипа, интересот од Партизан, како и за настапите во Уникс Казан.

Димитријевиќ кажа дека три сезони по ред пропушта да игра во Евролигата, дека не зажалил за трансферот во Уникс, ниту самиот не очекувал ваков прием од рускиот тим, за кого зборува во суперлативи.

„Веќе три години пропушти да играм во Евролигата од разни причини. Кога бев во Хувентуд, не се играша Евролигата, а потоа во Валенсија играв во Еврокупот. Кога Валенсија дојде до Евролигата, тренерот Мумбру не ме гледаше во екипата. На крајот заминав во Уникс и не зажалив во ниту еден миг“, рече Димитријевиќ.

За интересот и можниот трансфер во Партизан, кошаркарот одговори:

„Мене никој од Партизан не ме контактирал. Чув дека не се заинтересирани премногу за мене. Беа и некои други понуди, но не конкретни. Уникс од првито ден минатата сезона ми рече дека сака да ме врати. Веднаш беа конкретни, ништо не криеја. Покажаа огромна желба. Како човек и како играч морам да ја ценам финансиската понуда и спортската улога која ми е дадена. Едноставно, играч сака да почувствува дека е ценет, а во Уникс го чувствувам тоа“, кажа Димитријевиќ и додаде:

„Имам мир во Казањ, убаво ми е. Тоа ме изненади. Не очекував дека со семејството ќе уживам во градот. Исто така тука е тренерот Перасовиќ кој ми укажа огромна доверба и слобода во играта. Јас чувствувам потреба да се оддолжам нему и на клубот за се што направија за мене. Целта е да ја одбранам титулата. Имам и опција да останам и следната сезона, но тоа и натаму е далеку. Ќе видиме што ќе се случува на лето“, рече Димитријевиќ.

Се вчитува...