Вечерашните реванш дуелите во Мадрид и во Дортмунд ќе ги дадат имињата на последните четвртфиналисти во Лигата на шампионите, кои ќе им се приклучат на Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Манчестер Сити, Баерн Минхен и на ПСЖ во Топ 8 од елитното еврпоско натпреварување.
Интер има предност од еден гол пред реваншот на „Ванда“, но голем плус за Атлетико е што Антоан Гризман ја надмина повредата и ќе може да го предводи нападот на Атлетико во обидот да биде надополнета минималната негатива. Мората би требало да добие шанса крај Гризман, додека Депај и Кореа ќе чекаат шанса во второто полувреме. Кај „нероаѕурите“ нема посериозни проблеми со повредите, Турам и Лаутаро ќе го предводат нападот на италијанскиот гигант во Мадрид, како главна закана по голот на Облак.
Борусија Дортмунд и ПСВ Ајндховен одиграа без победник на првиот меч во Холандија, но „милионерите“ ќе ја имаат фаворитската улога. Во одбраната ќе недостига Шлотербек, додека ПСВ ќе биде речиси комплетен, во комбинација не е само Ноа Ланг, кој веќе подолго време е надвор од терените.
АТЛЕТИКО МАДРИД – ИНТЕР
АТЛЕТИКО: Облак, Лино, Хермосо, Габриел, Витсел, Бариос, Коке, Љоренте, Де Пол, Гризман, Мората.
Отсутни: Лемар, Азпиликуета.
ИНТЕР: Зомер, Павар, Ачерби, Бастони, Дармијан, Барела, Чалханоглу, Мхитаријан, Димарко, Турам, Лаутаро Мартинез.
Отсутни: Аугусто, Арнаутовиќ.
БОРУСИЈА Д. – ПСВ АЈНДХОВЕН
БОРУСИЈА: Кобел, Рајерсон, Зиле, Хумелс, Марсен, Џан, Сабицер, Брант, Мален, Санчо, Гулкруг.
Отсутни: Але, Шлотербек.
ПСВ АЈНДХОВЕН: Бенитез, Тезе, Шутен, Боскалји, Дест, Тил, Тилман, Жуниор, Бакајоко, Де Јонг, Лозано.
Отсутни: Ланг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА