Лацио денеска соопшти дека ја прифати оставката на Маурицио Сари, и веднаш назначи негов наследник. Римскиот клуб од вчера е без тренер, откако Сари се одлучи да поднесе оставка, после поразот од Удинезе и елиминацијата од ЛШ од Баерн Минхен.
Воедно, клубот се одлучи да му ја додели улогата на нов тренер на Џовани Мартускиело, досегашниот асистент на Сари. Во минатото Мартуискело беше асистент и во Јувентус, како и во Интер и Емполи.
„Клубот му се заблагодарува на тренерот Сари за постигнатите цели и за сработеното, и му посакуваме се најдобро во неговата кариера“, стои во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА