Делчевката Мира Симоновски на 74 години го освои Килиманџаро (ФОТО)

Делчевката Мира Симоновски го реализираше еден од најголемите спортски подвизи со освојувањето на врвот Ухуру, висок 5895 метри на планината Килиманџаро.

Уште поголем подвиг е тоа што Симоновски го освои врвот на 74-годишна возраст и има само уште двајца луѓе во светот кои на оваа возраст се искачиле на врвот Ухуру на Килиманџаро. Годишно околу 15000 лица се обидуваат да го искачат тој врв, но успеваат само 40% од нив.

„Како градоначалник ми претставува огромна чест, затоа што Делчево доби нов амбасадор, г-ѓа Мира Симоновски кој ке го промовира нашиот град ширум светот. Примерот на Симоновски се надевам ќе биде потстрек за многу наши ученици од општина Делчево да се вклучат во планинарските здруженија и да продолжат по патот на нашата сограѓанка и во иднина да ги освојуваат светските планински врвови“ – изјави градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на приемот за освојувачката на Килиманџаро.

Мира Симоновски претходно го има освоено и врвот Арарат.

Се вчитува...