Лука Готи е нов тренер на Лече. Два дена по отказот за Роберто Д’Аверса поради скандалот кој го приреди откако удри со глава противнички играч по неделниот пораз 0-1 на домашен терен од Верона, раководството на Лече се одлучи довербата да му ја даде на Готи.
Готи до неодамна го предводеше Удинезе, а беше и помошник на Маурицио Сари во Челси во сезоната 2018/19.
„Постигнавме договор со Готи до крајот на сезоната кој ќе биде продолжен доколку клубот се спаси од испаѓање од Серија А“ – соопштија од Лече.
Дебито на Готи на клупата на Лече ќе биде в сабота, на мечот против последнопласираната Салернитана. Лече моментално е на 16. место со 25 бода, само еден над зоната за испаѓање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА