Нов мандат за Дејан Бодирога

Дејан Бодирога останува на чело на Евролигата и во наредните четири години откако прославениот кошаркар доби нов мандат за прв човек на елитното клупско натпреварување.

Србинот пред две години дојде на функцијата на местото на Џорди Бартомеу и повлече неколку значајни потези, намалувајќи го и јазот меѓу ФИБА и Евролигата во обид да се најде заеднички решение најдобрите кошаркари да настапуваат за своите национални селекции во квалификациите за европските и светските шампионати.

Бордот на директори на Евролигата на денешниот состанок реши да му додели нов мандат на Бодирога, а заедно со него како извршен директор ќе остане и Паулиус Монтејунас, кој исто како и Бодирога ќе остане на својата функција до 2028 година.

Се вчитува...