Фудбалерите на Пари Сен Жермен се последните патници во полуфиналето на Купот на Франција откако вечерва во четвртфиналниот меч на „Паркот на принцовите“ славеа против Ница со 3-1.
Водство за домаќините од 1-0 донесе Килијан Мбапе во 14. минута. На 2-0 зголеми Фабијан Руиз во 33. минута. До крајот на првото полувреме гостите намалија на 2-1 преку Лаборде во 37. минута.
Конечните 3-1 беа дело на младиот Бералдо во 60. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА