Терзиќ задоволен: Ова беа најдобрите 30 минути на Борусија Дортмунд сезонава

Борусија Дортмунд се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Шампионите откако синоќа славеше со 2-0 над ПСВ Ајндховен, успевајќи да го елиминира тимот што игра извонредно во холандскиот шампионат од елитното европско натпреварување.

Тренерот Един Терзиќ имаше само пофални зборови за својот тим поради начинот на кој Борусија го отвори мечот, но и изрази жалење што во ист ритам не се продолжило до самиот крај.

„Секако дека сум задоволен, одигравме добар меч и заслужено победивме. Начинот на кој почнавме… тоа без сомнеж беа најдобрите 30 минути на Борусија Дортмунд оваа сезона. Се виде како сакаме да играме фудбал, да притискаме, да креираме шанси. За жал, во вториот дел целосно застанавме, му ја оставивме топката на противникот и не сум задоволен поради тоа. Успеавме да постигнеме и втор гол и се пласиравме во четвртфиналето, целта е остварена, но ќе настојувам на следните дуели да играме исто како во првите 30 минути против ПСВ“, изјави Терзиќ.

Борусија Дортмунд утре ќе го дознае името на ривалот во четвртфиналето, а како можни опции се: Манчестер Сити, Арсенал, Реал Мадрид, ПСЖ, Барселона, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен.

Се вчитува...