Италијанската фудбалска федерација денеска ги претстави во јавноста дресовите што актуелните европски шампиони ќе ги носат во одбраната на трофејот на претстојниот континентален собир што летово ќе се одржи во Германија.
Првите реакции се фантастични, а италијанските фанови се воодушевени што конечно се исполнети нивните желби на дресот да се најде и дел од италијанското знаме. Производител е компанијата Адидас, која како идејно решение постигна полн погодок, трите ленти по рамениците да бидат во зелена, бела и црвена боја.
Избраниците на Лулијано Спалети ќе дебитираат со новата опрема веќе на мартовските пријателски средби со Венецуела и со Еквадор за време на турнејата низ САД. Воедно, новите дресови се пуштени експресно во продажба, а нивната цена изнесува 100 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

