О’Нил: Сакаш да ме импресионираш? Задржи го Јокиќ на помалку од 15 поени

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил упати отровни стрели кон центарот на Минесота Тимбервулвс, Руди Гобер.

Поранешниот најдоминантен центар во лигата смета дека францускиот кошаркар е преценет дефанзивец. Гобер важи за еден од најдобрите дефанзивци во НБА лигата, а трипати беше избран за одбранбен играч на сезоната.

„Никогаш не мислев дека е одличен одбранбен играч. Видете, нема многу центри против кои треба да игра одбрана. Зошто тоа срање не функционира против Јокиќ? Тој е висок 228 центиметри, се разбира ако положувате покрај него тој ќе ве блокира. Но, одбраната е за мене ако успееш да го сопреш Никола Јокиќ. Сакаш да ме импресионираш? Задржи го Јокиќ под 15 поени. Сето тоа блокирање на слабата страна, тоа е одлично. Но, тоа нема да работи со момци како Јокиќ и мене“, рече О’Нил.

Се вчитува...